Македонските одбојкари дознаа против кого и каде во дебитантското учество на Европските првенства. Турнирот што оваа година е закажан од 12 до 29 септември е прв што ќе се организира во четири различни држави и прв, исто така, со 24 репрезентации.
Во музејот Атомиум во Брисел, ждрепката го смести „спартанците“ во групата Ц во Словенија во која, покрај ко-домаќинот, ќе играат и селекциите на Русија, Финска, Турција и Белорусија.
Регионот ќе има уште два претставника на континенталниот одбојкарски собир. Во групата Б (Брисел и Антверпен), Србија за ривали ги доби Белгија, Германија, Словачка, Шпанија и Австрија додека Црна Гора заврши во групата Д (Ротердам и Амстердам) заедно со селекциите на Холандија, на Полска, на Чешка, на Естонија и на Украина.
И во групата А (Монпелје) ќе понуди пресметки меѓу Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција и Романија.
Најдобрите четири селекции од секоја конкуренција ќе продолжат во нокаут фазата. Македонија и Црна Гора за првпат ќе учествуваат на завршните турнири, во улога на бранител на титулата ќе биде Русија.
ЕП 2019 во одбојка (м)
Група А (Монпелје): Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија
Група Б (Брисел и Антверпен): Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија
Група Ц (Љубљана): Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија
Група Д (Ротердам и Амстердам): Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора