Шеснаесетфинале во фудбалскиот Куп: Шкендија против Кит Го, Вардар кај Победа, Работнички во Виница

Во Фудбалската федерација на Македонија денеска со ждрепка беа одредени двојките за шеснаесетфиналето од националниот Куп. Академија Пандев и Силекс, како финалисти од ланското издание во...

Ждрепка за групите во ЛШ: Динамо З. со Манчестер С., Ц. Звезда со Баерн М. и Тотенхем

Ривали на „модрите“ во групата Ц, покрај „граѓаните“, ќе бидат и екипите на Шахтјор Доњецк и дебитантот Аталанта, а белграѓани во групата Б, освен со Баварците, ќе се пресметаат и со Тотенхем и со Олимпијакос. Епитетот „група на смртта“ го доби Ф конкуренцијата што ги обеднини Барселона, Борусија Дортмунд, Интер и Славија Прага

Почнуваат и завршуваат дома: Македонските кошаркари против Русија, Италија и Естонија кон ЕП 2021

Квалификациите почнуваат во февруари во 2020 година, првиот меч со Естонците на домашен терен, последниот со Италијанците кои заедно со Германија, Чешка и Грузија се коорганизатори на завршниот турнир

Група по мерка: С. Македонија со Чешка, Украина и Австрија на ракометното ЕП 2020

Кодомаќини на ЕП 2020 се Австрија, Шведска и Норвешка, шампионатот ќе почне на 10 јануари и ќе трае до 26 јануари. Завршниот викенд на ЕП 2020 е планиран во „Теле2 арена“ во Стокхолм, што впрочем е фудбалски стадион со капацитет од 22.000 седишта

Ждрепка за ЛШ во ракомет: Вардар повторно со Веспрем и со ланскиот првак Монпелје

Покрај унгарскиот и францускиот состав, ривали на „црвено-црните“ во групата Б ќе бидат и Кјелце, Мешков Брест, Мотор Запорожје, Порто и Кил. Македонскиот вицешампион Еурофарм Работник, како единствен дебитант, ќе игра во групата Ц со шведски Савехоф, Татран Прешов од Словачка, фински Кокс, Ирун Бидасоа од Шпанија и Спортинг Лисабон

Ждрепка за СП 2019 во ракомет (ж): Србија, Словенија и Ц. Гора ја избегнаа Франција

Мечевите на женскиот ракометен мундијал ќе почнат на 29 ноември, ќе траат до 16 декември и ќе се играат во пет сали во Кумамото, Јапонија. Французинките ќе се обидат да ја одбранат титулата од СП 2017 во Германија каде во финалето ја совладаа Норвешка со 23:21. Освен победникот на турнирот, на Олимписките игри во Токио ќе се пласираат и репрезентациите од второто до седмото место на СП 2019

Ждрепка по мерка: Шкендија со естонски Номе Калју во првото коло квалификации во ЛШ

Првиот меч е во Талин на 9/10 јули, реваншот е седум дена подоцна (16/17 јули) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Сараево ќе игра со Селтик (Шкотска), Сутјеска со Слован Братислава (Словачка), Црвена звезда со Судува (Литванија), а Марибор со Линфилд (Северна Ирска)