Британската премиерка Тереза Меј започна состаноци со пратениците во обид да се најде решение за Брегит, откако вчера успеа да обезбеди тесна поддршка за нејзината Влада, еден ден откако нејзиниот план за занпуштање на Велика Британија на ЕУ доживеа голем неуспех.
Но Меј рече дека сака да обезбеди “конструктивен дух” на разговорите.
Меј најави дека во понеделник на 21 јануари во Парламентот ќе го објави својот нов план за излез од ЕУ, додека дебатата и гласањето би биле во вторник на 29 јануари.
Говорејќи вчеравечер по разговорите со претставниците на Либералдемократите, социјалдемократите од Велс (Плеид Кимру) и Шкотската национална партија, Меј ги повика пратениците да го „остават личен интерес настрана”.
-Тоа нема да биде лесна задача, но пратениците знаат дека имаат должност да дејствуваат во согласност со националниот интерес, да постигнат консензус и тоа да го направат, рече таа.
Таа денеска се среќава со пратениците конзервативци кои го поддржуваат Брегзит и претставниците на Унионистите од Северна Ирска, кои не го поддржаа нејзиниот план.
Претседателката на Долниот дом на британскиот Парламент, Андреа Лидсом денеска најави дека на 29 јануари би требало да се одржи дебата и гласање за „планот Б“ за Брегзит на премиерката Тереза Меј.
– Целодневната дебата за предлогот би се одржала во вторник на 29 јануари, доколку Долниот дом се согласи со тоа, изјави Лидсом.




