Во трката за претседател на Македонија влегува нов кандидат. Тоа е Амди Бајрам, лидер на Сојузот на Роми, кој добил поддршка на синоќешниот Централен одбор на партијата.
„На седница на централниот одбор на Сојузот на ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, стои во објавата на Аднан Мемеди, член на Централниот одбор на Сојузот на Роми, на Фејсбук.
Бајрам е актуелен пратеник во македонското Собрание и најави дека ја прифаќа номинацијата од највисокото партиско тело.