Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ќе ги проверува вработувањата во ЕЛЕМ и МЕПСО

0
By Нова ТВ on February 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 13, 2019 14:58

Новите членови на Антикорупциската комисија ќе побараат списоци од ЕЛЕМ и од МЕПСО за новите вработувања.

По критиките во јавноста дека синови и ќерки на пратеници и министри се вработуваат во државни институции, антикорупционерите ќе проверуваат дали имало партиско влијание во новите вработувања и дали кандидатите кои се примени на работа ги исполнувале условите на конкурсот.

Од Антикорупциската комисија исто така додаваат дека ќе се проверат и сите вработувања на блиски роднини на фунционери и во останатите јавни претпријатија.

Ќе се користи и методот на случаен избор на нововработени за да се утврди дали има непотизам и во други случаи на вработувања за кои јавноста досега не е информирана.

На денешната прва седница на новиот состав на Антикорупциската комисија членовите утврдија дека во изборот на Нури Бајрами – баџанакот на Талат Џафери за член на Комисијата нема конфликт на интереси.

Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска рече дека според член 8 од Законот за спречување на конфликт на интереси под поимот блиски лица се смета сватовство до втор степен.

„Согласно тоа што за сватовство до втор степен се сметаат родителите на брачниот другар и брат или сестра на брачниот другар, сметаме дека не станува збор за конфликт на интереси. Со оглед на тоа дека со законот не се опфатени сите состојби, ќе се изврши проверка на законите со цел да се спречат вакви ситуации“, рече Ивановска.

Со ждребка, по случаен избор  Бајрами денеска беше избран за заменик претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Можам да ви гарантирам, не сум по партиска линија тука. Не, не сум ничиј линк. Мојата сопруга работи во приватен сектор, син ми се отсели од државата поради ова што се случува. Не сум тука да им служам на политичките партии. Пливав во тие води и последните десет години се обидувам строго со никого да не контактирам. Следете ме и држете ме за збор. За мене нема блиски роднини или пријатели, не може никој да влијае“, рече Бајрами.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.