Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев се сретна со Адеми: Одбиените проекти од културата повторно ќе бидат разгледани

0
By Нова ТВ on February 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 19, 2019 15:24

Министерството за култура денеска соопшти дека вчера се одржала средба на премиерот Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми на која било усогласено, комисиите по дејности да ги преиспитаат одбиените пријави и, во согласност со Законот за општата управна постапка, на субјектите кои доставиле пријави на годишните конкурси да им се даде можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите кои имале формални недостатоци.

Дополнително појаснување на доставената пријава  може да се побара само за проектите за кои стручната комисија оценила дека се во функција на развој, афирмација и промоција на културата во Република Северна Македонија и кои имаат предуслови да бидат избрани за проекти од национален интерес во културата за 2019 година, се вели во соопштението.

-Премиерот Заев и министерот за култура Адеми го носат ова решение како резултат на слушнатите ставови на културните работници и најавуваат дека дијалогот со фелата од културата ќе продолжи со цел унапредување на меѓусебното разбирање и поддршка на развојот на културата во државава. По тој повод, министерот за култура Адеми ќе ги покани сите апликанти кои имаа забелешки на состаноци во Mинистерството со цел да се дефинираат чекори со кои во иднина би се избегнале недоразбирања или недостатоци при јавните конкурси. Исто така, министерот Адеми  останува отворен за укажувањата и потребите  на националните установи со чии раководители е во постојан контакт и за кои, според Законот за културата, се можни промени во финансирањето во текот на целата година, се вели во соопштението.

Од Министерството исто така посочуваат на, како што се вели, „сериозни системски недостатоци во Законот за култура во поглед на моделите на финансирање на проектите во културата“.

-Во Министерството за култура веќе во поодмината фаза е постапката за изготвување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата, по чиј предлог-текст досега имаше две јавни расправи. Укажуваме дека со новиот закон ќе се унапредат начините на поддршка на проектите во културата, за што и Министерството и сите чинители во оваа сфера се согласни дека актуелната норматива не ги задоволува потребите на современото време. Со донесување на новиот закон, чиј предлог-текст е сè уште отворен за сугестии од сите засегнати страни, уверуваме дека ресорот култура во иднина ќе ги добие потребните системски решенија за кои се залага голем дел од јавноста во културата, се наведува во соопштението од Министерството за култура.

По објавувањето на Годишната програма на Министерството за култура за финансирање проекти, во јавноста се појавија голем број реакции за несоодветна распределба на буџетските средства. Комисиите одново ги разгледуваа проектите за кои имаше укажувања, и на прес конференција објавија дека направиле пропуст само за фестивалот Златно славејче.

Претседателот на Комисијата за фолклор и музички дејности, Плеурат Гаши тогаш изјави дека ако министерот им нареди да ги проверат и апликациите за кои веќе доделиле пари, ќе го направат тоа.

По реакциите во јавноста премиерот Заев кажа дека дел од Конкурсот ќе биде поништен.

„ Одлуката ќе се поништи и таа ќе биде објавена. Освен за националните институции каде што нема реакции, тоа се домовите на културата. Но за сите други апликанти, одлуката ќе биде поништена, рече Заев.

Антикорупциската комисија на сендицата во петокот најави дека отвора предмет и за Годишната прграма за култура и ќе се проверува како е направен изборот на настаните и институциите кои ќе добијат државни пари.

-Сензитивноста на ова прашање , што се крена во јавноста, ние веднаш го поставивме како точка на дневен ред. И сметам дека треба да ја задолжиме службата во врска со ова, да постапи согласно процедурите, вели претседателката Билјана Ивановска.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.