Во Собранието се уште не пристигнато барањето од Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, кој е осомничен во истрагата за организирање на крвавиот упад во Собранието на 27 април.
Претседателот на Комисијата за мандатно- имунитетни прашања Павле Богоевски вели дека седницата на Комисијата ќе ја закаже веднаш штом ќе го добие барањето во роковите што ги предвидува Деловникот.
Од судот за МИА потврдиле дека барањето е испратено.
Според, тоа Комисијата треба да одлучува во рок од два дена од добивање на барањето од Судот, а во рок од три дена треба да гласа и Собранието.
Пратеникот Вељаноски вчера беше приведен во судот, но по исказот што го дал беше пуштен, бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.
На останатите осомничени кои беа приведени, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески им е одреден притвор од 30 дена, поради опасност од бегство. Истото се бара и за Вељаноски.