Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вељановски: 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор – срамота

0
By Нова ТВ on February 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 20, 2019 19:58

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски го напушти Судот. Тој дал исказ пред судијата и замина.

Пред Судот кажа дека не е бил организатор на насилниот упад во Собранието.

„ 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота“ рече Вељановски.

На новинарско прашање дали чувствува вина за „крвавиот четврток“ Вељановски одговори:„Не“.

Обвинителството за организиран криминал бара притвор за Вељановски и за уште 4 лица. Во Судот се и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Будимпешта и Никола Бошкоски, поранешниот разузнавач  кој побегна во Грција.

Доколку Кривичниот совет го прифати барањето на Обвинителството за притвор на Вељановски, најпрво ќе мора да заседава Комисијата за деловничко мандатни прашања која треба да одлучува за имунитетот на пратеникот.

Основното јавно обвинителство соопшти дека „наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта“.

За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година – пишува во соопштението од ОЈО.

Со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста, критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучиле патриотски здруженија и ангажирале лица за извршување на насилство. Воедно од седиштето на политичка партија континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови. Во исто време, еден од осомничените со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, донел огнено оружје и панцирни елеци пред Собранието на Република Македонија што биле наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Со овие активности осомничените предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје доставил Предлог за определување мерка притвор за осомничените.​

Оосмничените беа посочени како организатори на „крвавиот четврток“ во свеодчењето на обвинетиот за упадот во 27 април Александар Василевски Нинџа, кој кажа дека сите наредби доаѓале од штабор на ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе за сведочењето на Нинџа на овие линкови:

Сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ, тврди Нинџа

Нинџа: Атанасовски наредил да се уништат хард дисковите од Собранието

На судскиот процес за 27 април сведочеше и Трајко Вељановски. Велјаноски беше повикан во Судот како сведок на неговото лично обезбедување Горан Ѓошески кој е сега обвинет.

Сведочење за 27 април: Велјаноски добил порака од Крсто Мукоски, но не му одговорил

 

 

крвав четврток приведен распит Трајко Вељановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.