Кире Маркоски го постигна својот прв гол во дресот на Спартак Трнава. Неговиот, засега, привремен тим славеше над Дунајска Стреда со 3:1 во меч од 20. коло во словачката Фортуна лига.
Македонскиот интернационалец ја погоди противничката мрежа во 48 минута за 2:0 во тие моменти, а во 35. минута асистира и за водечкиот гол на Јилмаз. Младиот напаѓач пристигна во Спартак Трнава во зимскиот преоден рок од кипарски АЕДЛ Лимасол како позајмен фудбалер до крај на сезоната.
Стрелец викендот и Крсте Велкоски. Повремениот македонски репрезентативец го постигна првиот гол во убедливиот триумф на Сараево над Тузла со 3:0 во 20. коло во Премиерлигата на БиХ. „Бордо“ тимот е лидер на табелата со 46 бода, осум повеќе од Зрињски на второто место, но и натпревар повеќе.