Нов гол на Езџан Алиоски во нова победа на Лидс јунајтед. Тимот од „Иланд Роуд“ го совлада ВБА со убедливи 4:0 во воведниот меч од 35. коло во англискиот Чемпионшип за преземање на лидерската позиција на табелата со бод повеќе од Норич кој викендот му гостува на Милвол.
https://www.youtube.com/watch?v=-IUSMqux13c
Македонскиот репрезентативец беше стартер и ги одигра сите 90 минути за Лидс, а седмиот сезонски гол го постигна во екстра времето на средбата. Пред популарните фазани е уште едно дерби во наредното коло во кое ќе гостуваат на тимот на Бристол Сити кој се бори за пласман во плејофот за пополнување на Премиерлигата.