Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Врховен го укина домашниот притвор на Камчев, но не и на Мијалков

0
By Нова ТВ on March 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 4, 2019 17:35

Врховниот суд ги прифати жалбите на Јордан Камчев сопственик на „Орка холдинг“ и неговите најблиски соработници, Ненад Јосифовиќ и Цветан Панделески, бизнис-партнер во „Пелистерка“ и управител на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ и им го укина куќниот притвор. Во образложението на Врховниот суд за укинување на мерката куќен притвор за Камчев пишува дека  жалбата е прифатена затоа што СЈО немало законска основа да бара да му се определи притвор.

„Согласно член 166 од Законот за кривичната постапка притвор во претходна постапка определува судот по писмен и образложен предлог на овластен тужител и само врз основите што ги навел овластениот тужител во предлогот. Според член 22 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела
поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Јавниот обвинител кој раководи со ова Обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.

Во оваа смисла, Врховниот суд  смета дека одредбата по однос на временскиот лимит за преземање на истражни дејствија и покренување обвинение од член 22 од Законот за СЈО, треба да се толкува во корист на обвинетиот што недвосмислено произлегува од неспорното Правно начело in dubio pro reo, цврсто востановено во казненото право и Меѓународното право за човековите права, што не навлегува во повреда на принципот владеење на правото.

Според правното мислење кое го утврдија врховните судии на општа седница, СЈО е неовластен тужител и не може да покренува обвиненија, да отвора истраги и презема предмети од редовното обвинителство 18 месеци по преземањето на бомбите.

Во случајот „Империја”, осомничени се Орце Камчев, Сашо Мијалков и 11 други лица, меѓу другото и за измама и за перење пари.

Откако Апелацискиот суд го потврди куќниот притвор за поранешниот шеф на тајната полиција, неговите адвокати подготвуваат жалба до врховните судии, за нивниот клиент да се брани од слобода.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.