Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обемна студија потврди: Нема поврзаност меѓу МРП вакцината и аутизмот

0
By Нова ТВ on March 5, 2019 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 5, 2019 14:44

Обемна студија, со која се опфатени над половина милион деца не пронајде врска помеѓу вакцинацијата против сипаници, заушки и рубеола и аутизмот.

Данската студија, објавена денеска во списанието „Аналс оф Интернал медисин“ ги опфати сите деца родени во таа земја во периодот помеѓу 1999 и 2010 година. Децата биле следени до крајот на август 2013 година.

Истражувањето откри дека МРП вакцината не го зголемила ризикот од аутизам, дури и кај деца со други фактори на ризик од аутизам или кај деца чии браќа и сестри имале аутизам.

Истражувачите од Институтот Статенс серум во Копенхаген откриле дека од 657.461 деца вклучени во студијата, само 6.517 биле дијагностицирани со аутизам.

Од децата кои биле следени, 95 проценти ја добиле првата вакцинација, која по календар е на 15 месеци, но немало разлика меѓу бројот на вакцинирани деца со тоа нарушување во споредба со бројот на невакцинирани деца.

Сепак, тврдењата за врска помеѓу МРП вакцината и аутизмот продолжија да предизвикуваат загриженост кај родителите и го поттикнаа антиваксерското движење. Како резултат на тоа драстично се зголеми бројот на случаи на сипаници во Европа и САД, а Светската здравствена организација изрази загриженост и невакцинирањето го вброи меѓу најголемите 10 закани по глобалното здравје.

Целата конспиративна теорија околу вакцините започна во 1998 година кога во престижниот британски медицински магазин „Лансет“ хирургот Ендрју Вејкфилд заедно со 12 коавтори, објави студија во која се сугерираше дека вакцината против малите сипаници, заушките и рубеолата, позната како МРП, го зголемува аутизмот кај британските деца. Авторите на текстот тврдеа дека го испитувале развојот на 12 деца кои примиле вакви вакцини. Во текстот се тврдеше дека родителите на осум од 12-те деца пријавиле оти тие загубиле дел од нивните вештини по вакцинацијата, вклучувајќи го зборувањето и забрзано нарушување на организмот.

Последиците од појавувањето на тој текст веднаш предизвикаа последици. Во наредниот период вакцинацијата против овие три болести во Велика Британија падна под 80 отсто кај децата помали од две години. Вејкфилд стана популарна фигура, држеше говори и препорачуваше аплицирање на поединечни вакцини, а не комбинирана за сите три болести. Како што растеше отпорот кон вакцините, така се зголемуваше и сомневањето во вистинитоста на тврдењата на Вејкфилд, како и причините зошто се објавени. Подоцна се откри судир на интереси: Вејкфилд аплицирал за патентирање на своја сопствена вакцина против мали сипаници и примил 675.000 долари од адвокатот кој се обидувал да ги тужи компаниите кои ги произведувале вакцините. Исто така е објавено дека децата биле внимателно одбрани за да се прикаже наводната поврзаност меѓу вакцините и болестите.

Магазинот „Лансет“ во 2010 година го повлече написот, 12 години по публикувањето, наведувајќи дека „повеќе елементи во студијата на д-р Вејкфилд се неточни и контрадикторни со претходните истражувања“, изразувајќи загриженост за точноста и погрешното претставување на фактите. Кусо време потоа британскиот медицински совет доживотно му ја одзеде лекарската лиценца на Ендрју Вејкфилд. Со повлекувањето на текстот не дојде крајот на конспиративната теорија, пренесува Дојче веле.

Светската здравствена организација минатиот месец предупреди дека се неуспешни обидите за спречување на ширењето на сипаниците и оти бројот на заразени лица на светско ниво минатата година се зголеми за 50 проценти.

Според извештајот на СЗО случаите на морбили се во пораст и во богатите држави, каде вакцинирањето е традиција.

Во светот се регистрирани повеќе жаришта на сипаници меѓу кои Украина, Мадагаскар, Демократска Република Конго, Чад и Сиера Леоне. Само на Мадагаскар од октомври 2018 до 12 февруари 2019 година регистрирани се 66.278 заболени од морбили од кои 922 починале

Земјите треба да достават информации за случаите на морбили регистрирани во 2018 година до април. Но, според досегашните информации во 2018 година регистрирани се 229.000 заболени од сипаници, додека во 2017 година нивниот број изнесувал 170.000.

Според првичните податоци на СЗО, минатата година од сипатници починаа околу 136.000 луѓе во светот.

Имунизацијата е една од најфантастичните научни иновации која има огромен придонес во превенирањето на смртта, особено кај децата, а го зголеми и животниот век и економскиот развој. Секој долар вложен во имунизација се враќа со 16 долари заштеда во здравството и ја зголемува економската продуктивност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.