„ Денешниот ден, Прочка, не учи дека главните изрази на суетата и на зависноста од неа, се делбите и омразата. Дeнес се поттикнуваме да одиме по патот на единството и меѓусебното разбирање, во интерес на сите граѓани на нашата земја“ вели Заев во видео порака до граѓаните.
„ Ако ја прифатиме одговорноста за нашата иднина, за иднината на нашата заедничка држава, заслугите ќе им припаднат на сите! Пруживме рака за помирување со сите наши соседи. Да си пружиме рака и дома како вредност која е одлика на големи народи и нации. Да направиме уште еден подвиг од сите нас, за сите нас“ вели Заев во видео пораката.
Тој порачува да се остават во минато време политиките на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“.