НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Чавков осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок

0
By Нова ТВ on March 15, 2019 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков е осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

Судијката Добрила Кацарска во образложението рече дека Чавков бил носител на златната команда на 27 април и иако знаел дека толпата ја тресе оградата пред Собранието и влегува внатре, не дал наредба за интервенција на полицијата.

За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа на 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор.

Оливер Радулов на 10 години затвор за помагање во кривичното дело.

Игор Дурловски е ослободен до обвиението, бидејќи како што рече судијката Добрила Кацарска, јавниот обвинител не докажал дека тој го сторил делото за кое се обвинува. Односно, според Судот тој на 27 април бил во Собаранието и ја пеел државната химна, но не презел дејства на насилство.

Вкупно сите обвинети заедно добија 211 години затвор за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.

За Пешов, Лазаров Ѓошевски, Поповски, Радулов, Пепиќ и Алими обвинителката побара да им биде одреден притвор поради опасност од бегство до правосилноста на пресудата, односно до започнување на издржување на казната затвор.

Чавков не е побаран притвор, туку продолжување на мерката притвор која веќе му е одредена на 12 овој месец. И за останатите кои се во притвор се бара продолжување на мерката.

Првично за крвавиот четврток, 33 лица беа  обвинети, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ и двајца за помагање.

Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски.

Со Законот за амнестија помилувани беа 15 обвинети, позитивно мислење по барањата за амнестија, добија петтемината пратеници – Мукоски, Арнаудов, Василевски, Тарчуловски и Димовски, организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“ Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски, вработените во кабинетот на тогашниот собраниски спикер Иван Цветановски и Елена Доцевска-Божиновска, браќата Младеновски кои први открија детали за организацијата на крвавиот четврток и Захарије Симовски, Илија Славевски и Митре Питроповски од патриотските здруженија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.