Еден од обвинетите за 27 април Александар Василевски Нинџа кој беше осуден на 8 години казна затвор за терористочко побара куќен притвор, истакнувајќи дека нема намера да бега и ако Апелација му ја потврди пресдуата, во целост ќе ја одлежи.
Неговиот адвокат Ѕвонко Давидовиќ рече дека Василевски има мало дете кое не го видел затоа што тој беше во притвор од покренување на обвинението.
-Тој беше еднствениот од сите обвинети кој кажа што се случило и затоа доби затворска казна под законскиот минимум. Затоа барам куќен притвор за Василевски, рече Давидовиќ.
Александар Василевски Нинџа во сведочењето откри повеќе детали, од тоа дека бил ангажиран во УБК од почетокот на објавувањето на „бомбите“ да ги следи Зоран Заев, Оливер Спасовски, Зоран Верушевски и аналитичарот Алберт Муслиу и дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ.