Ученици од неколку средни училишта и активисти денеска напладне во Скопје одржаа протест против климатските промени, со што нашата земја се вклучи во глобалниот протест познат како Fridays For Furute што учениците ширум Европа секоја петок ги одржуваат во своите градови. Денешниот протест се одржа во околу илјада градови во стотина држави во светот.

Во Скопје, малата протестна поворка започна од пред Министерството за животна средина, а протестот заврши пред Владата. Преку транспарентите, младите ги повикаа своите врсници да бидат активни во борбата за зачувување на планетата и да влијаат врз одлуките на нивните влади. Организаторите пак, ги повикаа наставниците и професорите да да ги обучат учениците критички да размислуваат и наместо да им бранат да ги напуштат часовите, да бидат тука со нив и да ги поттикнуваат.
-Не прашуваа дали тука има политика. Да има политика, ама натпартиска и се однесува на сите граѓани. Сите не прашуваа што е ова и тоа покажува дека сме болно општество. Ова треба да ја разбуди свеста, порачаа организаторите.
Тие се задоволни што на протестот се појавија млади луѓе и најавија дека од следните протести, младите ќе ја преземат улогата на водачи.
-Овој настан нека биде пресвртна точка и го повикувам еко секторот да се обедини, да си ги остават суетите дома и да работат во заеднички интерес на сите. Борбата е маратонска и нема да биде само денеска и не е за некого посебно туку за сите, порачаа организаторите од денешниот протест.
Протестите во Скопје кои се дел од Глобалниот климатски протест на граѓанското движење Fridays For Future ќе продолжат и наредните недели.
Магазинот „Тајмс“ ја прогласи Турнберг за еден од највлијателните тинејџери за 2019 година, а тројца норвешки пратеници ја предложија 16-годишната активистка за Нобелова награда за мир.
– Ја номиниравме Грета бидејќи заканата од климатските промени може да биде една од најважните причини за војна и судири, истакна парламентарецот Фреди Андре Уевстегард, истакнувајќи дека големото движење кое Грета го започна е „многу важен придонес за мирот“.