Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје протестираше против климатските промени заедно со 1000 градови во светот

0
By Нова ТВ on March 15, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Фото: ФБ Каков свет ќе ни оставите? Глобален климатски протест
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 15, 2019 21:11

Ученици од неколку средни училишта и активисти денеска напладне во Скопје одржаа протест против климатските промени, со што нашата земја се вклучи во глобалниот протест познат како Fridays For Furute што учениците ширум Европа секоја петок ги одржуваат во своите градови. Денешниот протест се одржа во околу илјада градови во стотина држави во светот.

Фото: ФБ Каков свет ќе ни оставите? Глобален климатски протест

Во Скопје, малата протестна поворка започна од пред Министерството за животна средина, а протестот заврши пред Владата. Преку транспарентите, младите ги повикаа своите врсници да бидат активни во борбата за зачувување на планетата и да влијаат врз одлуките на нивните влади. Организаторите пак, ги повикаа наставниците и професорите да да ги обучат учениците критички да размислуваат и наместо да им бранат да ги напуштат часовите, да бидат тука со нив и да ги поттикнуваат.

-Не прашуваа дали тука има политика. Да има политика, ама натпартиска и се однесува на сите граѓани. Сите  не прашуваа што е ова и тоа покажува дека сме болно општество. Ова треба да ја разбуди свеста, порачаа организаторите.

Тие се задоволни што на протестот се појавија млади луѓе и најавија дека од следните протести, младите ќе ја преземат улогата на водачи.

-Овој настан нека биде пресвртна точка и го повикувам еко секторот да се обедини, да си ги остават суетите дома и да работат во заеднички интерес на сите. Борбата е маратонска и нема да биде само денеска и не е за некого посебно туку за сите, порачаа организаторите од денешниот протест.

Протестите во Скопје кои се дел од Глобалниот климатски протест на граѓанското движење Fridays For Future ќе продолжат и наредните недели.

Акцијата ја започна Грета Тунберг, 16-годишно девојче од Шведска со нејзиниот  протест во август минатата година кога ги напушти часовите за да  протестира сама и оттогаш секој петок го прави тоа, а ја следат нејзини врсници од Европа и светот.

Фото: Гардијан

Магазинот „Тајмс“ ја прогласи Турнберг за еден од највлијателните тинејџери за 2019 година, а тројца норвешки пратеници ја предложија 16-годишната активистка за Нобелова награда за мир.

– Ја номиниравме Грета бидејќи заканата од климатските промени може да биде една од најважните причини за војна и судири, истакна парламентарецот Фреди Андре Уевстегард, истакнувајќи дека големото движење кое Грета го започна е „многу важен придонес за мирот“.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.