Вчера попладне повторно беше во пламен јавна површина. Огнени јазли се забележани во појас со трска на стариот пат Охрид – Струга, кај Подмолје. Како пракса, за жал, се повторува секоја година во тој дел од земјата и никако да се стави крај на несовесниот однос на граѓани за што не помагаат ниту законски пропишаните казни ниту пак има преголема желба да се застане на пат на таквите појави.
https://www.facebook.com/1560574854221166/posts/2304407256504585/
Трската е дом и живеалиште за многу видови, кои на овој начин имаат сè помалку простор за безбеден живот и размножување. Иако Владата на Република Северна Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Охрид и другите институции не ги наведоа овие проблеми и дејствија, во обемниот извештајот доставен до Унеско се детално наведени ваквите и слични „активности“ на наши сограѓани и сонародници. Меѓу другото и палењето на трската.