НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алијанса за Албанците е СЈО да продолжи, предлага и специјално судство

0
By Соња Петрушевска on March 28, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села по средбата со премиерот Зоран Заев и министерката за правда Рената Дескоска кажа дека СЈО треба да продолжи автономно со работа и бараат да се интервенира во Законот во однос на роковите за покренување на истраги. СЈО не ја исполни целта затоа што досега има казна само за претставник на албанска опозиција, рече Села.

-Кога зборуваме за изборен криминал, се знае кој краде избори веќе 17 години. Тоа се оние кои и сега се во власта. Алијансата предлага и да се формира и специјално судство по примерот на Украина кое ќе суди за случаите на СЈО. За да не се дозволи политички партии да ги партизираат судовите, со закон да се санкционира секој функционер кој ја злоупотребил службената должност да не може да биде член на Советот на обвинители и да биде избран за судија. Нема логика да зборуваме за деполитизација на судскиот систем, а да инсталираме бивши функционери во Советот на обвинители кои потоа ќе ги избираат новите обвинители, рече Села.

Во однос на  „бомбите“ Села бара тие да се користат како докази во судските постапки и понатаму и сите докази да бидат јавно објавени.

-Имајќи предвид низ каква криза поминавме, сите материјални докази за злосторствата извршени од граѓани кои беа избрани да вршат одредени функции треба да бидат јавно објавени за граѓаните да оценат за кои политичките фигури ќе гласаат, рече Села.

На новинарско прашање, кој го блокира носењето на новиот закон за СЈО, Села кажа: ,,Чинители на бившиот режим го блокираат носењето на законот за СЈО -ДУИ и ВМРО ДПМНЕ“. Тој додаде дека сепак СЈО не ги исполни очекувањата на граѓаните.

-Народот очекуваше тие да ги откријат милионските суми кои беа злоупотребени и тие пари да бидат вратени, рече Села.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.