Петицијата со која се бара од британската Влада да го повлече членот 50 и да го преиспита својот план за излез од Европската унија, помина шест милиони потписи, еден и пол ден откако Британија требаше да ја напушти Европската унија.
Весникот „Гардијан“ инфомира дека британските пратеници денеска треба да дискутираат за петицијата.
Владата на премиерката Тереза Мај на 26 март објави дека нема да ја укине постапката од членот 50, тврдејќи дека на тој начин работи за исполнување на волјата која Британците ја изразија на референдумот за Брегзит во 2016 година.
За денеска е најавено четврто гласање за Договорот што Меј го постигна со ЕУ.
Во петокот, Европската комисија најави дека Велика Британија најверојатно ќе излезе од Европската унија на 12 април без договор откако премиерката Тереза Меј не успеа да добие поддршка од пратениците за нејзиниот договор за повлекување.




