Тереза Меј и нејзиниот кабинет бараат начин да го вратат во живот Договорот за излез од ЕУ преку четврти обид за негово изгласување во Парламентот.
Премиерката вели дека на Велика Британија и треба “алтернативен начин”, по поразот што го доживеа вчера, откако Договорот не беше изгласан со 58 гласови против, повеќе од оние за.
Пратениците од сите партии в понеделник повторно ќе гласаат за повеќе опции за Брегзит, откако неделава не успејаа да обезбедат мнозинство за ниту една од осумте понудени опции.
Но, владини извори не ја отфрлија можноста за ривалско изјаснување меѓу најпопуларната опција за Брегзит и Договорт на премиерката.
Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, ја повика Меј да го промени својот Договор или веднаш да поднесе оставка. Унионистите од Северна Ирска, кои ја поддржуваат малцинската влада на Меј, исто така, се спротивставуваат на договорот.
Владата досега не успеа да ги освои гласовите на над 34 конзервативци и на други одметници од ториевците, кои сметаат дека договорот и понатаму ја става Велика Британија во тесна зависност од ЕУ.
Сепак, извор од Даунинг стрит 10 посочува дека премиерката ќе продолжи да бара поддршка за Договорот.
Тие смета дека напорите “одат во вистинска насока”, со оглед на тоа што бројот на гласовите што се против Договорот се намалиле на 58, за разлика од 149 пред две недели.
Меј има рок до 12 април да побара продолжување на преговарачкиот процес за да се избегне излезот на Велика Британија без договор, за кој повеќето пратеници сметаат дека би можело да нанесе штета на бизнисот.
Но Меј смета дека натамошното одложување на Брегзит “речиси сигурно” ќе значи дека Британија ќе мора да одржи извори за Европскиот парламент во мај.
Од Даунинг стрит подоцна соопштија дека ова не е “неизбежно”, но министерот за правда, Рори Стјуарт, за Би-Би-Си изјави дека гласањето во петокот била “последната шанса” за да се избегне тоа.
Тој рече дека ќе биде потребно “чудо” – и поддршка од 150 конзервативци – за в понеделник мнозинство пратеници да ја поддржат опцијата Брегзит која предвидува останување во царинска унија.




