Приморска поведе со 1:0 во финалната серија со МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата. Словенечкиот тим убедливо го порази македонскиот претставник со 93:71 (по четвртини: 28:19, 25:19, 23:16, 17:17) во Копер каде ќе се одигра и вториот меч (вторник, 20 ч.).
Лидер на домашните беше Ланс Кристофер Харис кој го заврши мечот со 24 поени, Маријан Чакарун уфрли 16, а Јагодиќ Куриџа додаде 10. „Металците“ имаа двајца двоцифрени играчи, но ниту еден не беше блиску до Харис. Иве Иванов реализира 13 поени, еден повеќе од Андрија Боиќ.
Третиот и четвртиот меч се закажани во Скопје во четврток (18 ч.) и во петок (20 ч.), а евентуалната мајсторка ќе се одигра во понеделник на терен на Приморска. Победникот од серијата ќе обезбеди место во АБА лигата за наредната натпреварувачка сезона додека поразениот ќе разигрува со Задар за нејзино дополнување.
Финална серија во АБА 2 лига
Прв меч: Приморска – МЗТ Скопје 93:71
Втор меч: Приморска – МЗТ Скопје (вторник, 20 ч.)
Трет меч: МЗТ Скопје – Приморска (четврток, 18 ч.)
Четврти меч: МЗТ Скопје – Приморска (петок, 20 ч.)
Петти меч: Приморска – МЗТ Скопје (понеделник, 18 ч.)