Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 12 април на полноќ

0
By Нова ТВ on April 3, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2019 15:34

Како што сега стојат работите, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без договор на 12 април на полноќ, соопшти денеска Европската комисија.

– Општиот впечаток за сценарио „без договор“ не може да се ублажи. Подготовките продолжуваат во земјите членки со поддршка од страна на Комисијата, а многу е важно да се обезбеди националните царински инфраструктури и логистика да бидат подготвени за такво сценарио, се наведува во соопштението на Еврокомисијата.

Комисијата посочува дека ЕУ жали поради решението на Велика Британија да го напушти блокот, но дека ја почитува таквата одлука, додавајќи дека Брегзит никогаш не бил избор на Унијата, како и дека британското истапување без договор не е сценарио што го поддржува Брисел.

Во меѓу време, еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави дека царинската инфраструктура на Унијата е подготвена веднаш да воспостави царинска контрола и наплата на ДДВ на стоката што доаѓа од Велика Британија.

– Во областа на царините и оданочувањето, Брегзит без договор би значело моментно воспоставување на царинска контрола на стоката што доаѓа од Велика Британија, на нови царински формулари за компаниите што тргуваат со Обединетото Кралство и на наплата на ДДВ за стоката од Велика Британија, истакна Московиси.

Тој информира дека Еврокомисијата и земјите членки на ЕУ се во контакт со компаниите што имаат деловни односи со Велика Британија, со цел да се подготват за почитување на царинските обврски, доколку дојде до Брегзит без договор.

Британската премиерка Тереза Меј за денеска најави средба со лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин со цел запирање на застојот во однос на Брегзит. Таа се надева дека ќе пронајдат модификувана верзија на нејзиниот договор со ЕУ, со кој би се обезбедило мнозинство во Парламентот.

Корбин се согласи на состанок, истакнувајќи дека царинската унија и работничките права треба да бидат приоритет. Корбин претходно жестоко ја критикуваше Меј и во неколку наврати ја повика да поднесе оставка.

Меј вчера по седумчасовната средба на владиниот кабинет, изјави дека повторно ќе побара од Европска унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.