Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меј: Британија пред избор – излез од ЕУ со договор или откажување на Брегзит

0
By Нова ТВ on April 7, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 7, 2019 12:35

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека Британија стои пред јасен избор – излез од Европската унија со договор и опција во која воопшто нема да дојде до Брегзит, јави весникот „Обзервер“.

„Со оглед на тоа што Парламентот покажа дека ќе запре излез на Британија без договор, сега имаме јасен избор: да ја напуштиме Европската унија со договор или воопшто да не излеземе. Колку подолго се развлекува ова, поголем е ризикот Обединетото Кралство воопшто да не излезе од ЕУ, порачува Меј.

Британската премиерка во петокот испрати писмо до претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск во кое побара одложување на Брегзит до 30 јуни со цел да им се овозможи на пратениците да го усвојат договорот за излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

„Велика Британија предлага тој период да заврши на 30 јуни 2019 година“, напишала Меј во обраќањето до Туск.

Владата сака да договори распоред за ратификација што ќе овозможи излегување на Велика Британија од ЕУ пред 23 мај во 2019 година и откажување на изборите за Европскиот парламент, но ќе продолжи да работи на одговорни подготовки за одржување на изборите доколку тоа се покаже невозможно, наведе Меј.

Претходно, висок неименуван функционер во ЕУ изјави дека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск предлага да ` се дозволи на Велика Британија „флексибилно продолжување“ од 12 месеци за напуштање на ЕУ.

Таквиот предлог би ` овозможил на Велика Британија во рок од 12 месеци, но и порано да ја напушти Унијата доколку Парламентот на таа земја го ратификува договорот. Сепак, со тој предлог би требало да се согласат и останатите членки на средбата што ќе се одржи в среда, јави „Би-Би-Си“. Туск ќе ги убедува европските лидери дека на тој начин не би морале да се состануваат на неколку недели само за да го пролонгираат Брегзит.

Портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас потоа изјави дека одговор на новото барање на Меј за одлагање на Брегзит до 30 јуни може да дадат само шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ кои ќе се сретнат в среда на 10 април во Брисел.

Бергзит В. Британија Доланд Туск Тереза Меј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.