Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Состојба морбили: Момче и бебе во тешка состојба на скопските клиники

0
By Нова ТВ on April 20, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 20, 2019 19:55

Шеснаесет годишнo момче и 11 месечно бебе се во критична состојба на две скопски клиники поради компликации од морбили.  Момчето кое е со церебрална парализа е на Инфективната клиника, додека бебето е на Детската клиника и е приклучено на апарати. На одделот за интензивно лекување во потешка здравствена состојба се и двајца возрасни пациенти и три деца. На Инфективна вчера биле прегледани 9 случаи со симптоми на морбили, тројца од нив биле задржани на лекување. Станува збор за 25 годишен пациент од Гостивар, дете на една и пол година и 42 годишен маж од Охрид. Највозрасниот е вакциниран со една доза, а детето и момчето од Гостивар воопшто не биле вакцинирани.

За да се овозможи повеќе простор на Детската клиника за хоспитализација на потешки случаи со морбили, бебињата кои се со лесна клиничка слика се препраќаат во болницата во Козле.

-Има три дечиња од 6 месечна до двегодишна возсрат ко исе со морбили. Кај двајца е докажана заразата а третото е суспектно. Но ние имаме протокол во установата кој стриктно го почитуваме за оваа цел. Заболени од персоналот немаме, сите се вакцинирани. За да се спречи понатамошно ширење дадени се сите препораки за намалување на бројот на заразени од соодветните комисии, вели директорот Ангелчо Андоновски.

Како што објави НОВА вчера докторка и болничарка на Клиниката за неврологија пред два дена заболеле од морбили, најверојатно се заразиле од пациентка која пред две недели била хоспитализирана поради слабост во нозете. Таа била негувателка во една од скопските градинки, а осипот се појавил додека престојувала на Клиниката.

Поради оваа ситуација, од вчера на сите вработени на Неврологија им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што ќе се вакцинираат тие што ги немаат. Иста наредба има и за негувателките и воспитувачките во градинките кои најдоцна до среда мора да го проверат својот вакцинален статус.

Во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции, потврдуваат во Институтот за јавно здравје.

Најголем број на заболени од морбили од медицинскиот персонал досега има на Детската клиника (вкупно 20 за последните 3 месеци), во Општата болница во Струга, вкупно 9, по еден или двајца вработени во другите здравствени установи.
Од  13 април до денеска во државата се регистирани 121 заболен од мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), што е за пет помалку од претходната недела кога беа пријавени 126 случаи, се наведува во Извештајот на Институтот за јавно здравје.
Во вторникот беше прогласена епидемија на ниво на цела држава. Министерот за здравство Венко Филипче вчера повтори дека останува забраната за прием на невакцинирани деца во градинките и училиштата, а од вчера започна и теренска вакцинација на децата во училиштата која помасовно ќе се спроведува од понеделник.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.