Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Морбили кај докторка и болничарка на Неврологија-во здравството има 122 заболени

0
By Менче Атанасова Точи on April 19, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2019 14:54

Докторка и болничарка на Клиниката за неврологија пред два дена заболеле од морбили, дознава НОВА. Двете вработени најверојатно се заразиле од пациентка која пред две недели била хоспитализирана поради слабост во нозете. Таа била негователка во една од скопските градинки, а осипот се појавил додека престојувала на Клиниката.

Поради оваа ситуација, утринава на сите вработени на Неврологија им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што ќе се вакцинираат тие што ги немаат. Информацијата на НОВА ја потврди директорот Иван Барбов.

„Веднаш штом се утврди дека се работи за морбили пациентката беше изолирана, а кога се утврди дека симптомите се од морбилите и состојбата се подобри, беше испишана од клиниката. Ние веднаш ја известивме градинката и Институтот за јавно здравје. Во меѓувреме, се разболеа двете вработени“, изјави за НОВА Иван Барбов, директор на Клиника за неврологија.

Тој вели дека не се сигурни дали вработените се заразиле од пациентката бидејќи тие одат и на конзилијарно мислење на други клиники,  така што опасноста демне од сите страни. Барбов потенцира дека и покрај тоа што е забранета посета кај болните, граѓаните не ја почитуваат, така што на секое дежурство имаат проблеми и расправии.

На Клиниката за неврологија се хоспитализирани тешко болни пациенти, најчесто со мозочни удари за кои евентуалната зараза со морбили може да биде фатална.

На Клиниката за детски болести во моментот има четворица заболени од  медицинскиот персонал, а хоспитализирани се десет деца со морбили. Едно од нив е во тешка состојба и е приклучено на респиратор, потврди за НОВА, Катерина Ставриќ, директорка на Клиниката за детски болести.

На Клиниката за инфективни болести моментално има 45 пациенти, а едно дете е на интензивна нега и е поставено на механичка вентилација.

Состојбата е слична и на другите клиники и можност за зараза постои за персоналот и пациентите секаде.

Во епидемијата со мали сипаници регистрирани се вкупно 122 случаи кај медицинскиот персонал во здравствени институции, потврдуваат во Институтот за јавно здравје.

Најголем број на заболени од морбили од медицинскиот персонал досега има на Детската клиника( вкупно 20 за последните 3 месеци), во Општата болница во Струга, вкупно 9, по еден или двајца вработени во другите здравствени установи.
Ситуацијата со морбилите поради кои пред три дена беше прогласена епидемија на ниво на цела држава е многу сериозна вели Александар Стојанов. Освен учениците во основните и средните училишта, може да се вакцинира и другиот кадар, а ќе се вакцинираат и вработените во здравството како и студентите.

„ Нашите екипи одат на терен да ги вакцинираат децата, наставниот кадар кој сака може да дојде да се вакцинира кај нас. Инаку, ќе се вакцинираат и лекарите и другиот медицински персонал , како и студентите на медицина, фармација и стоматологија. Може да се вакцинираат сите на возраст од 14 до 60 години“, изјави за НОВА, Стојанов.

Фото: Независен весник

Инаку, од  13 април до денеска во државата се регистирани 121 заболен од мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), што е за пет помалку од претходната недела кога беа пријавени 126 случаи, се наведува во Извештајот на Институтот за јавно здравје.

По спроведената засилена вакцинација, вакцинирани се 20.244 деца на возраст до 14 години, од нив 12.468 се вакцинирани во Скопје. Сепак, остануваат уште 22.612 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Од ИЈЗ потенцираат дека треба да се  засили вакцинацијата на предучилишните деца во другите градови каде што од 19.494 невакцинирани, вакцинирани се само 5.129 деца.

Од Институтот посочуваат дека имајќи го предвид сѐуште големиот број на осетливо население кај децата до 14-годишна возраст, големиот број на градови каде се регистрирани случаи на мали сипаници, високата можност од зараза и раздвиженоста на населението, постои голема веројатност за натамошно ширење на епидемијата во наредниот период и во други градови во кои досега немало регистрирано случај.

НОВА, упати прашање до Министерството за здравство дали епидемијата, односно вонредната состојба во државата важи и за митинзите и јавните собири, но до објавување на текстот не добивме никаков одговор.

Од почетокот на епидемијата во декември 2018 година заклучно со денеска во државава се регистрирани вкупно 1.081 случај на морбили. со инциденца од 52,2 на 100.000 жители.

Регистрираниот број од мали сипаници се највисоки споредено со последните 20 години.

Она што е фрапантно е дека  75 отсто од заболените со морбили се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Во епидемијата на Скопје регистрирани се три смртни случаи кај деца на возраст до 5,5 години,  сите биле невакцинирани со МРП вакцина. Кај две од децата постоеле и друга примарна болест, а сите три деца се починати од бронхопневмонија како компликација на заболување со мали сипаници.

Остануваат да важат на сила мерките препорачани од Комисијата за заразни болести и наредбите од Министерството за здравство, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.