НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венецуела како буре барут: Власта со обвинување за администрацијата на Трамп дека креира судир

0
By Нова ТВ on April 30, 2019 СВЕТ
Фото: washingtonpost.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаза ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека организира и поддржува државен удар во Боливарската Република.

„Администрацијата на Трамп очајнички се обидува да креира внатрешен судир во Венецуела. Демократските институции во земјата ќе бидат во состојба да го гарантираат мирот“, порача Ареаза во одговор на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој на Твитер ја повика војската на Венецуела да застане на страна на опозицијата.

Министерот за комуникации и информации Хорге Родригез, пак, изјави дека властите во Каракас целосно ја контролираат базата Франциско де Миранда, каде што опозицискиот лидер Хуан Гуаидо сними видео и го објави на Твитер, во кое ја повикува војската да излезе на улиците.

„Апсолутно сите воени единици и воената база остануваат лојални на претседателот Николас Мадуро и го поддржуваат Уставот, рече Родригез.

Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да стават крај на узурпацијата“.

Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.

„Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ“, рече тој.

Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.

Венецуела Доналд Трамп криза судир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.