Во интервју за виенскиот весник Пресе, Реџепи тврди дека ваквото сценарио не е дел од преговорите со Србија.
– Премиерот на Србија Ивица Дачиќ изјави дека отцепувањето на северот на Косово ќе биде најдобро решение, но тоа не е реално, вели Реџепи за Пресе.
Изјавата на Реџепи доаѓа по предлогот на српскиот премиер, Ивица Дачиќ, кој изјави дека тој е подготвен за компромис со Србија, што би значело дозвола за влез на Приштина во Обединетите нации во замена за автомонијата на Северно Косово.
Не е прв пат Дачиќ да изјавува дека Србија нема лесно да се откаже од Северно Косово. Во последниот извештај за напредок на Европската комисија, во последен момент пред самото објавување на извештајот беше додаден параграф кој експлицитно даваше на знаење дека таквите изјави за евентуална поделба на Косово не се дел од никакво сценарио и се опасни за регионот.