Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ги покани претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Рикардо Миљори, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан-Клод Мињон и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, да ги набљудуваат локалните избори и да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.
„Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Македонија“ се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.