Ваквата информација за агенцијата Ројтерс ја пренесе член на алжирските безбедносни сили. Агенцијата ДПА, пак, пренесува Дојче Веле, јавува за конфузија околу информациите кои стасуваат од терен и ја пренесува изјавата на норвешкиот премиер Јенс Столтенберг, кој вчера вечер изјави дека нема јасна информација што се случило со заложниците, како и дека официјалната информација од Алжир е конфузна и некомплетна.
Нападот на безбедносните сили врз комплексот за гас во пустината на истокот од Алжир, во близина со либиската граница, продолжил и во текот на ноќта, информираше алжирската државна агенција АПС.
Екстремистите блиски до Ал Каеда ја заземаа гасната централа Ин Аменас во Сахара во средата, а причината за тоа ја објаснија со француската воена интервенција против исламистичките бунтовници во соседен Мали, каде исламистичките сили се обидуваат да ја заземат цела територија и да ја соборат владата.
Меѓу заложниците има 41 странски државјанин. Некои од заложниците успеале и да побегнат, информираа француски и алжирски медиуми. Алжирската АПС информираше дека 600 алжирски и четири странски работници биле ослободени за време на воената интервенција во гасната централа. Сепак, точниот број на киднапирани, убиени и ослободени е непознат.