НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓанину, исправи се, проговори!

0
By Нова ТВ on November 8, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постер на Бојана Хаџиванова, учесничка во проектот

Граѓанину, исправи се, проговори!

Овде човекот пропаѓа. Му гори душата, му се рушат соништата.

Да е светот мал би те згазил секој, светот е голем и пак, те сопнува некој. Се движиш, бараш, прашуваш, а понекогаш и се лулаш во чамецот на забуната. Не секој човек знае се, иако, многумина мислат дека знаат се. Самокритиката е бисер на проодувањето, потоа секој самостоен, независен чекор е ланец од самодоверба. Заштити ја секоја своја, до последна, стапка и продолжи да растеш натрупан со идеи и ставови, едноставно – брани ги своите права.

Длабоко во себеси носи ги своите права. Грижи се и бори се за нив! Но колку ќе ти биде дозволено од сите оние што те опкружуваат, оние што те поддржуваат, оние умните кои „секогаш знаат се”, оние што не се согласуваат? Никој ништо не ти гарантира! Но ти бори се! Не заборавај дека секој има право на глас, дека секој има право на слободен чекор. Понекогаш, на пример, расизмот расте во телото на душманите.

Но, една темна насмевка знае да го развесели денот, а некои бели образи, сепак, да се зацрвенат од срам. Бојата на кожата е само симбол колку нè има, колку се разликуваме едни од други, но и колку сме исти длабоко под кожата. Светот е разнобоен и многу различни врати има. Многумина го забележуваат тоа, но има и такви кои поретко го ценат. Погрижи се ниедна критика фрлена кон тебе да не може да го откова твојот став, а твојот стил да не може да го измени ничиј поглед. Ако се затвориш во себе ќе се уништиш!

Најпрво тргни од она дека секој има право на избор и на сопствена среќа. Понекогаш правата на човекот се кршат, иако, се заштитени со закон. Денес, законот е само мамец за држење на вистинскиот правец. Не се умира кога ќе ти ја пролеат крвта, се умира кога ќе ти ја одземат надежта. Кој ја сака розата, се навикнува на нејзиниот трн. Затоа треба постојано да се бориме за сопствените, но и за правата на другиот и поразличниот од нас. Треба да станеме вечни победници на самите себе!

Маската на човека лесно се воочува, но тешко се разоткрива. Човекот твори за да живее, тој живее токму за да твори. Сите сме дел од шареното општество, сите различно се обојуваме, сите сакаме подобро да живееме. Но, некој се бори за главна тема на озборување, а некој за корка леб и трошка слобода.

Овде човекот пропаѓа. Му гори душата, му се рушат соништата. Но зошто да е така? Дај човеку, граѓанину, застани и исправи се! Проговори! Не се предавај, бори се за она во што веруваш, покажи дека ти си светлината во мракот, дека токму ти ќе ја направиш промената!

Памела Арсова
Авторкатa е студентка

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/

Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.