НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кадровските смени и резултатите од изборите тема на ЦО на СДСМ

0
By Нова ТВ on May 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Резултатите од претседателските избори и можните кадровски смени во партиските редови, но и во извршната власт се тема на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ што почна во седиштето на партија на Бихаќка. Фросина Ташевска Ременски, потпретседател во СДСМ, пред почетокот на седницата истакна дека очекува да бидат продискутирани предлозите што ќе ги поднесе лидерот на партијата Зоран Заев, а одлуките да бидат донесени со консензус.

„Ние сме политичка партија во која се дискутира за сите прашања низ органите на партијата и одлуките ги носиме со консензус без притоа да ги мериме низ личната перцепција. Сето она што го имам да го кажам како мој став и како моја забелешка ќе го дадам на централниот одбор. Ќе ги слушнеме одлуките и предлозите од лидерот. Ќе ги дискутираме и Централниот одбор ќе носи одлуки“, изјави Ременски, која е пратеник и потпретседател во Собранието.

Пред почеток на состанокот министерот за внатрешни работи и потпретседател на партијата Оливер Спасовски рече дека очекува вечерва да донесат одлични одлуки. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески запрашан дали очекува да биде сменет од функцијата, не сакаше да даде коментар, туку рече дека има доверба во мандатарот. Пред почетокот на седницата изјава даде и потпретседателот на партијата и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

„Очекувам дека одлуките што вечерва ќе ги донесеме ќе бидат одлуки што ќе овозможат функционална организација и на партијата и на институциите, како и победа над примитивизмот, фашизмот и неписменоста што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 години“, изјави Шилегов.

Централниот одбор заседава во проширен состав. Покрај најтесното раководство, тука се и пратеници и министри, претставници на општинските организации, како и претставници од партиите во владината коалиција.

СДСМ седница Централен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.