Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тензии на Косово: Косовската полиција апси, Вучиќ ја мобилизира војската

0
By Нова ТВ on May 28, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2019 11:00

Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на косовските специјални сили на север во Косово и апсењето Срби.

Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг.

Двајца Срби се полесно повредени во престрелката што се случи околу 6.20 утрово во Зубин Поток, кога припадниците на Росу дошле во реон на селото Доње Вараге во таа општина, јави Танјуг повикувајќи се на полициски извори. Агенцијата јави дека се уште се слушаат истрели од огнено оружје. Во акцијата на косовските специјалци е уапсено едно лице.

Вучиќ во српскиот Парламент денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција.

Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“.

Според него, досега на територијата на северниот дел на Косово специјалните единици упаднале со 73 претежно оклопни возила, додека повеќе од 50 возила чекаат во јужна Митровица, 15 во општина Србица, а осум се веќе испратени во реонот на општина Зубин Поток.

– Досега се уапсени 23 лица од српската и бошњачката националност на територија на три општини – Косовска Митровица, Лепосавиќ и Зубин Поток, рече Вучиќ.

Тој потсети дека Белград имал сознанија дека тоа ќе се случи и дека на домашната и меѓународната јавност и претставниците на ЕУ на 17 мај оваа година им било предочено дека на Косово се подготвува апсење на десетици лица во северниот дел, под изговор за борба против организиран криминал и корупција, и дека тоа ќе предизвика голема вознемиреност и страв кај Србите.

Тој додаде дека ова утро, во 6.29 минути како врховен командант, наредил целосна борбена готовност на српската армија.

-Ако постои загрозување на поредокот и животите на луѓето во северниот дел на Косово, нашата армија ќе го заштити нашиот народ, рече Вучиќ.

Косовската  полиција го потврди апсењето на неколку полициски службеници и информира дека тие се од различна етничка припадност, јави МИА од Приштина.

Во своето најново соопштение, полицијата информира дека акцијата продолжува и се одвива во повеќе косовски региони.

– Полициската операција, која се спроведува во неколку региони, меѓу кои и во општините Звечан, Зубин Поток, Лепосавиќ, Северна Митровица, Јужна Митровица, Србица и Глоговац, до сега резултира со апсењето на неколку граѓани и неколку полициски службеници од различни националности – Албанци, Срби и Бошњаци, кои се осомничени за разни дела, се вели во соопштението.

Полицијата информира и дека наишла на вооружен отпор во северно Косово, како и на блокади на патиштата, за кои била принудена да ги употреби потребните средства за отворање на патиштата заради продолжување на операцијата.

– Како последица на создадените пречки и попречувањето на полициските дејствија на терен од страна на некои граѓани на север од Митровица, полицијата во полициска станица приведе и неколку граѓани инволвирани во овие случаи, соопшти полицијата.

Таа ги повика граѓаните да не подлегнуваат на различните провокации, бидејќи, како што вели, „полициската акција има за цел борба против криминалот и е во интерес на сите граѓани и на државата“.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“.

Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава на министрите за надворешни работи на Вишеградската група и земјите од Балканот – членки на Европската унија, преку својата страница на Фејсбук напиша дека денешната акција е дел од операција која е подготвувана со месеци и која последните денови се одвивала и во други делови на Косово.

– Косово сака да ја покаже својата решеност за борба против организираниот криминал, корупцијата и и злоупотребата на службената должност и ги повикуваме сите да ги поддржат таквите дејствија, напиша Пацоли.

Пацоли побара од Србија да не ја злоупотребува денешната полициска акција, за која вели дека е вообичаена активност усмерена против организираниот криминал.

– Ја повикувам Србија да не злоупотребува политички една вообичаена полициска операција. Ги повикувам да ја поддржат борбата против организираниот криминал и да не се противат на таа борба. Она што е битно е добросостојбата на сите заедници кои живеат во Косово и Владата на Косово гарантира дека тоа е нејзин висок интерес. Јас го осудувам повикот на српските власти за мобилизација на војската поради една обична полициска операција против мрежите на организиран криминал, напиша Пацоли.

Косовскиот претседател Хашим Тачи порача дека денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани и ја повика српската заедница да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал.

– Институциите на редот и законот имаат потреба од доверба и максимална поддршка на целото општество во борбата против организираниот криминал, шверцот и корупцијата на целата територија на Република Косово, напиша Тачи на својата страница на Фејсбук.

-Денешната операција на полицијата во северно Косово е за доброто на сите граѓани, независно од нивната припадност и ја повикувам српската заедница на север да остане смирена и да ја поддржи борбата против организираниот криминал. Јакнењето на редот и мирот е од животно значење за еднаквоста на сите граѓани и го забрзува нашето движење кон процесите на евроатлантските интеграции, напиша Тачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.