Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апсења на Косово, Вучиќ ја стави војската во целосна борбена готовност

0
By Нова ТВ on May 28, 2019 СВЕТ
РТС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 28, 2019 08:55

Тринаесет Срби, припадници на косовската полиција, се уапсени утрово од припадници на косовските специјални сили Росу поради наводна вмешаност во организиран криминал, јави Танјуг, повикувајќи се на свои извори. Апсењата биле извршени во четири општини на северот во Косово со мнозинско српско население.

Специјалните единици на косовската полиција го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави МИА од Приштина. Во текот на акцијата се слушнале и пукотници.

Според информации од местото на настанот, околу 100 жители Срби се собрани на протест и го блокирале магистралниот пат во правец на Митровица.

Патот е блокиран со возила и камиони, оневозможувајќи го транспортот на командирот на месната полиција до јужниот дел на Митровица.

Станува збор за осомничени за кривични дела „шверц на стоки“, „злоупотреба на службена положба“, „давање поткуп“, „недозволена трговија“ и други.

Во северниот дел од Косовска Митровица утрово се огласиле сирени за тревога.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ нареди ставање на сите единици на Армијата на Србија во состојба на целосна борбена готовност. Тој покренал и дипломатска активност по упадот на косовските специјалци, наведува агенцијата цитирајќи извори во Кабинетот на Вучиќ.

Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на северот на Косово.

Директорот на српската владина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ во изјаватa за РТС вели дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје. Тој обвини дека целта на акцијата е да се предизвика прогон на Србите од овој дел и оцени дека се работи за дирекна закана по мирот.

Косовските медиуми повикувајќи се на полициски извори, објавија дека припадник на косовската полиција е ранет во акцијата, но официјална потврда на оваа информација за сега се уште нема.

Косовската полиција соопшти дека утрово, во соработка со полцискиот инспекторат, спроведува операција во Северна Митровица, која резултира со приведување на неколку полициски службеници и граѓани.

Според соопштението, на денешната операција ѝ претходела неколкумесечна истрага од страна на Инспекторат на полицијата и Специјалното обвинителство, од која произлегло „основано сомневање за ‘учество или организирање на криминална група’ од страна на некои полициски службеници и граѓани, во врска со кривични дела како ’шверц на стоки’, ’злоупотреба на службена положба’,’давање поткуп’, ’недозволена трговија’ и други.

Полицијата, како што јави МИА од Приштина, тврди дека наишла на вооружен отпор во северот на Митровица, меѓутоа операцијата продолжува, „вклучувајќи апсења и претреси во неколку локации, што резултира со конфискација на релевантни докази, вклучително долго оружје“.

– Полицијата на Косово, во соработка со органите на правдата и полицискиот Инспекторат, останува посветена на остварувањето на своите законски задачи и одговорности, со цел зачувување на јавниот ред и мир, спречување на незаконски дејствија, незазвисно од тоа кои лица се опфатени во таквите кривични дела, се вели во соопштението.

Според медиумите, досега се упасени најмалку пет лица од српска националност, меѓу кои и припадници на косовската полиција. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.