НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тактичка воена вежба: „Одлучен удар“ со околу 2.700 војници на Криволак

0
By Нова ТВ on June 8, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: jfcnaples.nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тактичко-воени активности со боево гаѓање ќе се одржат денеска на полигонот „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“ што од 5 јуни до 9 јули, во две ротации, се одржува на Центарот за поддршка на обука.

Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба што е отворена за медиуми, а ќе присустува и Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.

Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата учествуваат во оваа најголема воена вежба во земјава.

Нашата армија и војската на САД учествуваат со 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија со 10, Бугарија со 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјани операции на партнерските земји.

Сценариото на вежбата предвидува демонстрација на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува сеопфатно планирање на операции, вежби на командно место, двострана теренска вежба и обука со боеви гаѓања.

За време на вежбата ќе бидат организирани и отворени денови за граѓаните низ неколку градови. Утре во Гевгелија, на 11 јуни во Свети Николе, на 15 јуни во Кавадарци, на 26 јуни во Радовиш и во Струмица, на 29 јуни во Битола, на 1 јули во Гостивар и на 5 јули во Скопје. Во овие градови ќе биде презентирано вооружувањето и опремата, ќе се организираат спортски натпревари, а мобилните медицински тимови на армијата на САД ќе проверуваат крвен притисок и шеќер во крвта кај локалното население.

армија Вежба Криволак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.