НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Наесен почнуваме со изградба на новиот Клинички центар

0
By Нова ТВ on June 8, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во дискусијата за промените што водат до поквалитетни здравствени услуги, во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ на НРТВ, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев информираше дека проектот со сите детали за новиот Клинички центар е завршен, а изградбата ќе почне наесен во општина Ѓорче Петров каде овие денови започнаа катастарските работи за уредување на локацијата.

„На есен ќе започне уредувањето на теренот, а потоа и првата фаза од изградбата, опремувањето и обуката на вработените за да бидат подготвени да работат со најсовремената опрема која таму ќе биде вградена во последната фаза“, рече премиерот Заев.

Новиот клинички ќе биде ултрамодерен, како оние во големите европски центри, а тоа го гарантира и поволната оценка на физибилити студијата што ја изработи австриското министерство за технологија.

„Наскоро ќе бидеме подготвени да настапиме пред потенцијалните странски финансиери за изведба на овој мега проект. Тоа ќе биде установа за комплексни здравствени услуги“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека во меѓувреме се прави сеопфатна оценка на здравствениот систем за да се изведе зајакнување на регионалните центри и за да запре неоснованото упатување на огромен број случаи кон универзитетските клиники.

„За таа цел ќе посветиме уште поголемо внимание на можностите за јавно приватно партнерство за искористување на дополнителни ресурси, финансиски или стручни. Тоа се модели од напредни земји. На пример, нема потреба да се задолжуваме за скапа опрема кога таа опрема ја има во некоја приватна институција, а да платиме само за услугата која и така веќе ја плаќаме. Тоа не
е на трошок на пациентите. Тоа е истиот трошок кој и сега се плаќа за извршената здравствена услуга. Ние ја плаќаме референтната цена, за многу поквалитетна услуга за здравствените потреби на нашите граѓани“, дополни Филипче.

Зоран Заев изградба Клинички центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.