Рафаел Надал го освои 12. титула на Ролан Гарос, вкупно 18. на гренслем турнирите во неговата кариера. Шпанецот во финалето го совлада Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1 за испишување на нова страница во историјата на „белиот спорт“. Тој е прв натпреварувач со 12 победи на еден турнир во машка и во женска конкуренција.
Надал обезбеди место во финалето по триумфот над Роџер Федерер со 6:3, 6:4, 6:2, а Тим го елиминира Новак Ѓоковиќ со 6:2, 3:6, 7:5, 5:7, 7:5.
Австралијката Ешли Барти, пак, е нова шампионска на Отвореното тениско првенство во Франција по убедливата победа над Маркета Вондрушова со 6:1, 6:3.