НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пописот ќе чини најмалку 522 милиона денари

0
By Нова ТВ on June 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собраниската Комисија за европски прашања утре треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, на домаќинствата и на становите во Република Северна Македонија во прво читање.

Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и петгодишната програма за статистички истражувања 2018-2022, Државниот завод за статистика во април во 2020 година треба да го спроведе деветтиот Попис на населението, на становите и на домаќинствата на територијата на Република Северна Македонија.

Според Предлог-законот, Пописот ќе предизвика финансиски импликации врз државниот Буџет и тоа: оваа година, наредната кога ќе се спроведува попишувањето и во 2021 година (за прибирање, обработка и печатење на податоците од Пописот и нивно дисеминирање). Поради тоа, треба да се обезбедат вкупно 522.751.000 денари од кои 221.315.000 за 2019 година и 301.436.000 за 2020 година.

Во предлог-текстот не пишува колку пари ќе бидат потребни за 2021 година, кога ќе се обработуваат податоците од Пописот.

Вообичаено е пописите да се спроведуваат на секои 10 години, и тоа во годините кои завршуваат на нула или еден. Последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во земјава беше спроведен во 2002 година. Во 2011 година почнатиот попис беше прекинат со одлука на Владата, наведува законското решение.

Во изминатиот период државава има спроведено осум пописи на населението: во 1948 година, во 1953 година, во 1961 година, во 1971 година, во 1981 година, во 1991 година, во 1994 година и во 2002 година.

Македонија попис трошоци
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.