НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финансиската полиција поднесе кривична за директорот на МТВ Цветковски

0
By Соња Петрушевска on June 21, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против актуелниот директор на МТВ Марјан Цветковски.

Тој склучил договор за земање на кредит со комерцијална банка во висина од 140 милиони денари, а како залог ставил движен и недвижен имот на ЈП МТВ во висина од 294 милиони денари.

За договорот, Цветковски не побарал одобрение од Собранието со што предизвикал штета во висина од 154 милиони денари, велат од Финансиската полиција.

Кривична пријава е поднесена и против нотарка која го заверила договорот и овозможила МТВ да земе кредит од банка иако парите наменети за инвестиции ги трошеле за раздолжување.

Директорот на МТВ се гони за проневера на 2 милиони евра.

Како што објави НОВА во мај во анализата на ревизорскиот извештај за МТВ „во јули 2015, Програмскиот совет донел одлука со која се одобрува МРТ да земе кредит во банка во износ од 2,2 милиони евра за враќање на стари долгови, за што заложил недвижен имот, иако Советот воопшто немал право да донесе ваква одлука“.

За добивање на овој кредит под залог се ставени зградите 1 и 2 на „Македонско радио“, деловен простор во Велес и во Штип, комплетниот систем за ладење и  греење, лифтови и други недвижности во сопственост на МРТ.  Во меѓувреме, во 2016 година, МРТ поради неплатен даночен долг под залог става и две репортажни возила.

Ревизорот укажува дека ваквата состојба со имотот на МРТ, кој е под залог и има извршни решенија за наплата на парични побарувања врз недвижен имот, влијае на неизвесност во зачувувањето на правото на сопственост на имотот кој  е неопходен за вршење на дејноста на МРТ. На ваков начин МРТ е задолжена да плаќа кредити за изградба на трите згради кои во меѓувреме се отстапени на други субјекти со што МРТ останува и без право на користење на најголем дел од недвижниот имот.

МРТ е во банкрот – нема ниту имот, ниту опрема, во залог дадени и грејните тела

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.