НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вториот директор на ФЗОМ носи одлуки и потпишува документи со истечен мандат

0
By Менче Атанасова Точи on June 25, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондот за здравствено осигурување цел месец носи одлуки, издава и процесуира документи и решенија иако на едниот од двајцата директори , Орхан Рамадани му е истечен мандатот уште во мај, дознава НОВА. На Рамадани му е истечен мандатот на 26 мај, а  Управниот одбор на ФЗОМ не отвориле конкурс за избор на директор.

Орхан Рамадани, директор на ФЗОМ

За тоа време биле потпишувани многу документи, се носеле одлуки и решенија, меѓу кои и за лекување во странство и во приватните болници на кои стои и потписот на Рамадани.  Од документите кои се достапни јавно може да се види дека на 10 јуни е донесена одлука за формирање на Првостепена и Второстепена комисија за лекување во странство, од каде се сменети претседателите и повеќето членови при што се назначени нови.

Со ова, фактички сите решенија вклучувајќи ги и одлуките за назначување на нови членови на двете комисии се незаконски, велат извори за НОВА добро упатени во проблематиката.

Како ФЗОМ можел да се доведе во оваа ситуација да се потпишуваат и носат решенија кои се спротивни на Законот за здравствено осигурување, нема  конкретен одговор во Републичкиот Фонд за здравство. НОВА го контактираше другиот директор на ФЗОМ, Ден Дончев за го прашаме како се потпишувал и тој на истите документи каде што има врзан потпис со Орхан Рамадани, но тој не сакаше да коментира за случајот.

Ден Дончев, директор на ФЗОМ

Во Управниот одбор на ФЗОМ, кои биле должни да распишат оглас за избор на нов директор еден месец пред истек на мандатот, се правдаат дека чекаат Владата преку Министерството за здравство да дадат инструкции дали Рамадани ќе биде в.д или ќе се распише оглас за избор на нов директор.

„Го консултираме директорот Рамадани и тој вели дека никаде во Решението не стои до кога му истекува мандатот. Документи потпишувал бидејќи никаде во Решението не му пишува до кога треба да биде директор. Ние како Управен одбор не добивме досега никакви инструкции и чекаме Владата преку Министерството за здравство да одлучат дали треба да отвориме оглас или Рамадани ќе остане в.д директор“, одговорија за НОВА во Управниот одбор на ФЗОМ.

Орхан Рамадани беше именуван за директор на ФЗОМ во 2015 година од страна на  претходната Влада,  а одлуката стапи на сила на 26 мај 2015 година, откако излезе во Службен весник. Претходно, Рамадани три месеци ја извршуваше функцијата в.д директор на ФЗОМ.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.