НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенција за разузнавање: Исказите на ВМРО-ДПМНЕ за Муслиу се дезинформации

0
By Нова ТВ on July 7, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за разузнавање (АР) ги негира исказите со кои ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција, го обвини нејзиниот директор, Еролд Муслиу за судир на интереси поврзани со кадровски решенија во службата. Во соопштението на АР се изразува изненаденост и жалење од начинот на комуникација со национална институција што е задолжена за одбрана и безбедност на државата и општото добро на граѓаните.

Агенцијата воедно апелира до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) целосно да ги провери дезинформациите што, како што наведува, подолг период се пласираат од извесни структури по социјалните медиуми, а денеска и ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на прес-конференција.

Од АР се децидни дека сите нови решенија за унапредување се засноваат на професионалните капацитети и на постигнатите резултати на вработените.

„Ги информираме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и јавноста дека во моментот не се случува никаква „политичка елиминација на целокупниот оперативен состав“. Агенцијата како посебен орган во државната управа не е раководена од партиски определено лице туку искусен професионалец од редовите на Агенцијата со јасна определба да ги спроведе препораките на НАТО и ЕУ за заокружување на процесот на реформите во безбедносниот сектор“, се вели во соопштението на АР.

Во врска со споменатото лице и наводите на ВМРО-ДПМНЕ, Агенцијата за разузнавање потенцира дека се работи за професионалец кој има 18-годишно искуство во безбедносно-разузнавачкиот сектор и важи за истакнат експерт во меѓународни рамки. Во однос на ставовите дека ова лице изнесувало „инсајдерски“ информации од Агенцијата, ја охрабруваме ВМРО-ДПМНЕ да ги достави до надлежните државни институции, стои во соопштението.

Агенција за разузванање ВМРО ДПМНЕ Еролд Муслиу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.