Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Диети на вимблдонските финалисти: Ѓоковиќ со чаша млака вода наутро, Федерер со филџан оцет по појадок

0
By Нова ТВ on July 20, 2019 СПОРТ
Фото: humansarefree.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 20, 2019 21:36

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер со години се наоѓаат на врвот на светскиот тенис. Спортот со кој се занимаваат бара многу енергија, па затоа и специјалниот начин на исхрана што го практикуваат. Овој месец играа за титулата на Вимблдон и на централниот терен останаа, речиси, пет часа. Маратонскиот меч во пет сета на крајот му припадна на српскиот тенисе, но и двајцата покажаа неверојатна сила, ментална стабилност и издржливост за што, секако, има влијание и изборот на намирници што го внесуваат во организмот.

Ѓоковиќ во 2010 година прифати на нов режим на исхрана што придонесе и за неверојатниот подем во тенискиот спорт. Се трансферира во гладијатор на теренот на кој може да остане и по шест часа и на крај да победи. Оттогаш се придржува до осум свои правила што може да се најдат и во неговата книга „Сервирај за победа“, но не сака за себе да каже дека е вегетаријанец.

„Такво етикетирање не сакам. Да, точно, јадам растителна храна веќе неколку години наназад меѓутоа поради можни злоупотреби и погрешни толкувања, не ми се допаѓа да се нарекувам вегетаријанец“, вели Ѓоковиќ.

Ова се осумте правила во исхраната на Новак Ѓоковиќ

  • Нема глутен и млечни производи
  • Употребата на шеќер е на минимум
  • Во основа на неговото мени е овошје, зеленчук, грав, риба, јаткасти плодови, семки, леќа и здрави масла
  • Со години не конзумира црвено месо
  • Најголем дел од неговото мени е од растително потекло
  • Храната се џвака што подолго за да може подобро да се свари
  • Треба да се најде баланс меѓу храната и потребите на организамот и да се внесува она што е потребно и кога е неопходно

Федерер, пак, е спротивност од Ѓоковиќ. Инетресен факт за Швајцарецот е дека порасна како вегетаријанец, а месо во својата исхрана го уфрли на 16 годишна возраст. Себеси се опишува како гурман и за храната размислува по принципот на умереност. Неговите појадоци се богати со јаглехидрати за задоволување на потребите на организмот за цел ден. Ручекот по правило е високопротеински оброк за позитивно влијание врз мускулатурата додека вечерите се лесни.

„Секогаш обрнував внимание што јадам. Храната може да има важна улога пред, за време и по меч. Пораснав помалку како вегетаријанец, но среќен сум што се може да јадам. Одвреме-навреме одам кај нутриционист, но нема големи лудории во менито“, истакна Федерер.

Фото: telebasel.ch

Ова се шесте правила на исхрана на Федерер

  • Обожува пица, но најдобар оброк пред мечевите во последните 20 години од кариерата е паста
  • Чаша цеден со појадок е задолжително
  • По секој појадок пие филџан оцет
  • Тестенина со лесен сос на два часа пред натпревар
  • Јаде на секои два-три часа
  • За време на тренинзите и мечевите јаде енергетски плочки и банани
Диети Исхрана Навики Новак Ѓоковиќ Роџер Федерер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.