Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филмски фестивал во Струмица: Данчо Чеврески е лауреат на 14. „Астерфест“

0
By Нова ТВ on July 27, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 27, 2019 11:16

Со доделување на наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ на актерот Данчо Чеврески синоќа во Струмица беше отворено 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

„Денеска ми се јавија стотина луѓе да ми честитаат за наградата. Јас мислев дека никој не знае, рече лауретатот, Данчо Чевревски.

На фестивалското филмско платно беше премиерно прикажан американскиот филм „Кожа“, годинашен добитник на Оскар за најдобар краток игран филм, на режисерот со израелско потекло Гај Натив, по сценарио на Шерон Мајмон, а во продукција на Џејми Реј Њуман.

Во продолжение беа прикажани уште 12 кратки филмови: „Тек“ на Марија Грација Гоја и Робин Петре, „Еден мал чекор“ на Боби Понтилас и Ендру Чесворт, „Маркет плејс“ на Аник Кристијаенс (за кој музиката ја компонираше Марјан Неќак), „И што вели летото“ на Пајал Кападија, „Човек-миленик“ на Марзиех Абрарпајдар, „Стар закуп“ на Висенте Барела, „Ја потпишав петицијата“ на Махди Флеифел, „Двоен живот“ на Јоб, Јорис и Мариеке, „Врне“ на Чиро Д’Емилио, „Лимерентност“ на Оливер Пич, „Различни“ на Христина Белоусова и Данте Рустав и „Исповедта“ на Естебан Фонт Ројо.

Фестивалската програма продолжува денеска во предворјето на Манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Велјуса со Тивериополската беседа и портретот на овогодишниот лауреат, Данчо Чевревски.

На втората фестивалска вечер во Амфитеатарот со присуство на повеќе автори ќе има проекција на уште еден ексклузивен блок од 11 кратки филмови.

Во официјалната конкуренција на „Астерфест“ се кратки играни, документарни и анимирани филмови селектирани под мотото „Кратки резови“, за кои ќе одлучува меѓународното жири составено од ирскиот камерман Ед Годсел, словенечкиот режисер Андреј Кошак, бугарската дистрибутерка Гинка Андреева и македонскиот актер Данчо Чеврески.

Фестивалот трае до 29 јули и поддржан е од Општина Струмица и Агенцијата за филм.

„Астерфест“ Данчо Чеврески Струмица фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.