НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Авировиќ побара да се зголеми бројот на пратеници во собраниските комисии од Независната група

0
By Соња Петрушевска on July 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеничката Владанка Авировиќ, која е заменик координатор на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, побара да се направи нова распределба на бројот на пратеници по собраниски комисии и во нив да има место и за овие 8 пратеници.

„Сметаме дека во Парламентот треба да се изврши нова прераспределба на комисиите и пратениците кои учествуваат во работата на останатите комисии. Се додека не се донесе нова прераспределба во однос на овие комисии и она што треба да биде дел од доделувањето на комисии на нашата пратеничка група, но и предлози и учество во останатаите работни тела, сметаме дека е неправедно да се носат одлуки на Комисијата за прашања на избори и именувања“ – рече Авировиќ во Собранието.

Вчера власта го изгуби мнозинството во собраниската комисија за избори и именувања откако пратеникот на БЕСА ги поддржа пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Опозицијата ќе има мнозинство и во други собраниски комисии ако се прифати барањето на Алијансата на Албанците  пратеници од оваа партија да ги пополнат испразнетите места во комисиите, по оставката на Весел Мемеди од пратеничката функција.

Од владеачката коалиција најавија дека ќе има нов распоред во собраниските комисии затоа што е намален бројот на пратеници на ВМРО ДПМНЕ.

„Распоредот на бројот на пратеници во собраниските комисии се правеше врз основа на резултатите од изборите – кога СДСМ имаше 51 пратеник, а ВМРО ДПМНЕ 49. Но, сега бројот на пратеници на ВМРО ДПМНЕ е 39, пратеничката група на БЕСА се преполови, а се формираше и нова Независна пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ. Треба да се направи нов распоред на членовите во комисите“ коментираа пратеници од СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ и БЕСА ги надгласаа СДСМ и ДУИ на Комисијата за избори и именувања

 

Авировиќ Независна пратеничка група Собраниски комисии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.