Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери од Пелинце: Имаме една заедничка држава, да ја чуваме

0
By Нова ТВ on August 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 2, 2019 11:49

Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија.Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани,  рече претседателот на Собранието Талат Џафери во своето обраќање по повод Денот на Републиката во Пелинце.

„Сите сме деца на Илинден“, дополни тој, е вистински концепт што ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, ги празнуваме, тоа се вредности кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

-Полни 28 години самостојна, суверена, слободна држава. Секоја година со нови предизвици, со многу премрежија и нови кризи. Не беше едноставно, но сепак, сите заедно успеавме да ги надминеме и да чекориме напред кон остварувањето на нашите стратешки цели.

Сите ние сме подеднакво одговорни и за подемот и за застојот на тој пат. Иако почнавме многу амбициозно, со очите на меѓународната јавност вперени во нас како кон земја која меѓу првите во регионот доби кандидатски статус, процесот се уште не е заокружен и ние цела една декада броевме во место, додаде Џафери.

Тој исто така наведе  дека минативе две и пол години се можеби најжешките години во историјата на земјава, во однос на временските прилики.

„Ова беше период на донесување на тешки меѓутоа државнички одлуки кои го деблокираа нашиот пат кон Евроатланската интеграција и во кој политички созреваа и граѓаните и државата. Се вративме на брзата пруга за евроатланска интеграција и се посветивме на воспоставувањето и градењето на добрососедските односи. Имавме интензивна дипломатија и активна партиципација на институциите на државата на регионалните и светските меѓународни настани, активно учествувавме и продолжуваме да учествуваме во мировните мисии на НАТО сојузот при што нашите претставници се рамо до рамо со претставниците на полноправните земји – членки и меѓу другото придонесуваме и во рушењето на предрасудите и стереотипите од типот Балканот е „буре барут“, рече Џафери.

Додаде дека членството во Европската Унија и НАТО, подразбира владеење на правото и правниот ред во државата без дискриминација, почитување на правата и слободите на сите граѓани подеднакво, без оглед на нивната етничка, верска, расна, политичка припадност и пол.

Членството, како што рече Џафери, ќе значи европски стандарди за достоинствен живот, конкурентни услови за работа и бизнис, можности за квалитетно образование и научни истражувања за младите ентузијасти и зрели професионалци.

Пелинце џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.