НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Постапка за кривична одговорност за градоначалникот на Сарај за Матка

0
By Соња Петрушевска on August 5, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антикорупциската комија на денешната седница едногласно одлучи за утврдување кривична одговорност за градоначалникот на Сарај Блерим Беџети за непостапување за платформата на Матка.

На овој предмет Антикорупциска работеше повеќе месеци и врз основа на добиените документи од надлежните институции и од Општината заклучиле дека градоначалникот, иако имал законска обврска, не го одбил барањето за легализација на дивоградбата која е во делот на заштитено подрачје.

Според членот 22 од Законот за локална самоуправа кој го цитираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, градоначалникот е должен да носи одлуки за управни спорови, да се грижи за животната средина, што во овој случај не било сторено. По предметот во Општината одлучувало лице кое немало, ниту знаење ниту надлежност.

Градоначалникот Беџети не постапил ниту кога добил известување од Државниот градежен инспекторат, за уривање на дивоградбата, ниту кога реагирала Управата за заштита на културното наследство од каде стигнало известување дека за секоја градба во заштитено подрачје треба да се има дозвола од нив.

Антикорупциска, освен кривичната против градоначалникот ќе достави и барање до Министерството за транспорт и врски да постапи според своите ингеренции, а од Министерството за животна средина што побрзо да го донесе законот со кој кањонот Матка ќе биде заштитено подрачје.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети на прес конференција за дивите платформи на Матка во март,  рече дека нема да ги легализира, но дека не може ни да ги урне, бидејќи има барање за легализација.

Според него, општината работела на овој проблем и констатирано е дека на Матка има три бесправно изградени платформи, но тие не се изградиле сега, туку многу одамна, а тој ги наследил.

-Ова е стар случај со Матка и не случајно општината е единствената институција која прва се изјасни дека има три бесправни објекти во вид на платформи и за кои уште во првата изјава кажав дека не сум за легализација, бидејќи не ги исполнуваат условите за легализација. Но сепак мора да ја запазиме постапката. Но ние не сметавме и до ден денес не сметаме дека само тоа е проблемот на Матка. Убеден сум дека до ден денес и во иднина ќе се докажува тоа натегање околу надлежностите на Матка, изјави тогаш Беџети.

Премиерот Зоран Заев на почетокот на минатиот месец рече дека институциите треба да постапат по решението, но ако некој  не го почитува, ќе следува кривина одгоровност.

– Како што и тогаш се изјаснив за платформите, за една има судски спор. Деновие Министерство за траспорт не извести да бидеме претпазливи, да не постапуваме набрзина зашто има двостепеност. Се разбира, согласно законите, ќе се реши и ова прашање, рече градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули уште во март најави дека наскоро ќе биде готов законот за заштита на пределот на Матка со кој ќе биде строго регулирано што може да се гради на Матка и на Водно.

– Законот за Матка е во понапредна фаза, завршено е зумирањето, подготвени се сите документи, и се надевам брзо ќе влезе во владина процедура изјави во март годинава Макрадули.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.