Американскиоот претседател Доналд Трамп ги повика денеска членовите на Конгресот да донесат закони со кои ќе се бараат построги проверки на минатото на купувачите на огнени оружја.
Трамп на Твитер нагласи дека „републиканците и демократите треба да се обединат и да одобрат построги проверки на минатото веројатно комбинирајќи го ова законодавство со многу потребната имиграциска реформа“.
Повикот на Трамп следува по двете масовни убиства во викендот во САД кога беа убиени 29 луѓе.
Државните знамиња во американската престолнина и низ целата земја од синоќа се спуштени на половина копје откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи петдневна жалост во САД. Наредбата е во сила до 8 август.
-Нашата земја жали заедно со блиските на загинатите во двете трагични пукотници. Ги споделуваме болката и страдањата на повредените во овие бесмислени напади, соопшти синоќа претседателот Трамп.
Претседателот испрати остра осуди и порача дека САД се обединети со народот во Ел Пасо и во Дејтон.




