Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвав викенд во САД: Во три инциденти убиени 32 лица, пукање и во Чикаго

0
By Нова ТВ on August 5, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 5, 2019 07:57

Во во три одделни вооружени инциденти во саботата и неделата во САД загинаа 32 лица, а повеќе од триесетина се ранети.

Првиот инцидент се случи во Ел Пасо, Тексас вториот во Дејтон, Орегон, додека третиот е регистриран во Чикаго.

Според информациите за Дејтон, нападот започнал во раните утрински часови, при што напаѓачот употребил „моќно автоматско оружје“ и за помалку од една минута биле убиени осуммина. Повеќе од 16 лица биле повредени и завршиле во локалните болници.

Во Дејтон живеат 160 илјади луѓе и се наоѓа во западниот дел на соузната држава Охајо. Орегон, местото каде што се случи нападот, е историски дел од градот со многу продавници, барови, ресторани и театри.

Само 13 часа претходно во Ел Пасо, град во Тексас на границата со Мексико, се случи вооружен напад во кој загинаа 20 луѓе. Напаѓачот кој пукал во трговски центар во Ел Пасо, бил фатен неколку часа подоцна од полицијата на автопат надвор од градот.

Двајцата напаѓачи во овие инциденти се млади лица. Напаѓачот во Дејтон е 24 годишниот Конор Стивен Бетс, а во Ел Пасо е Патрик Крусиус, на возраст од 21 година. Како што се дознава и двата напади се извршени од омраза. Во нападот во Дејтон загинала и Меган Бетс, сестра на напаѓачот.

Најмалки три лица загинаа, а 37 се повредени во два одделни вооружени инциденти во Чикаго, јави Си-Би-Ес Чикаго. Со овој најнов инцидент бројката на загинати во пукотниците ширум САД викендов достигна 32 лица.

Едниот инцидент во Чикаго се случил на полноќ по локално време кога непознато лице отворило оган во парк на игралиште од автомобил во движење Шевролет камаро, соопшти полицијата. Истрагата е во тек, а повредените се хоспитализирани.

Американскиот претседател Доналд Трамп кој викендов беше во својот голф-клуб во Њу Џерси, прво преку низа соопштенија на Твитер ги осуди нападите како „акт на кукавичлук“, и испрати сочувства до роднините на загинатите. Пред да полета за Вашингтон тој синоќа изјави дека „во оваа земја нема место за омраза“ нарекувајќи ги напаѓачите „сериозно ментално болни“.

-Проблемот со пукањето трае со години и мора да го решиме, изјави Трамп и додаде дека се координира со директорот на Федералното истражно биро (ФБИ), со јавниот обвинител и со членови на Конгресот за заземање позиција по ова прашање.

Берни Сандерс, Кори Букер и Пит Бутиџич, претенденти за кандидат за претседател од Демократската партија, за Си-Ен-Ен изјавија дека најодговорен за овие напади е претседателот, кој според нив „шири омраза и расистички сентименти“.

Американските експерти инцидентите ги оценуваат како „акти на домашен тероризам“.

Според Североисточниот универзитет од Бостон, Масачусетс, во САД од почетокот на годината во 22 масовни пукотници загинале вкупно 125 луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.