Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ла Верита ги објави целосните аудио разговори меѓу Боки 13 и Камчев

0
By Нова ТВ on August 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 9, 2019 11:26

Откако утрово на веб страницата миланскиот дневен весник Ла Верита објави видео прилог со аудио снимки од како што се најавува договарањето меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев каде наводно се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, подоцна е објавен аудио материјал во траење од 12 минути во кој има 8 разговори, за кои весникот вели дека се „комплетните снимки од разговорите во случајот Рекет“.

Во првиот, Камчев вели дека не сака да троши пари и години на судски случаи, а се слушаат и детали за тоа како се спакувани парите во торбата.

Во вториот аудио запис, Јовановски и Камчев разговараат за претстојната вечер, во кој Јовановски му вели на Камчев дека „вечерта гости ќе му бидат другар му со сопругата“, а Камчев тука споменува две имиња Бобо и Синиша.

Во третиот запис, се слуша како Јовановски врти некому на телефон, а откако од другата страна никој не му се јавува му објаснува на Камчев дека и испратил СМС порака на „Катица“ за да ја информира дека „завршиле“.

Потоа следуваат уште 5 снимки кои се дел објавени и во текстот од утрово, а се однесуваат на планирање и договарање.

Во една од снимките, весникот тврди дека е гласот на специјалната  јавна обвинителка Катица Јанева, која преку телефон, како што вели новинарот, му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.

-Не се секирај за ништо се ќе биде ОК, вели женскиот глас за кој весникот тврди дека е на Јанева.

На објавените снимки се  слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев како што тврди весникот, го прашува Бојан Јовановски:

„Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле“, при што весникот тврди дека се работи за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.

Понатаму Камчев објаснува: „Еднаш, Чифлиганец кога ми се јави, ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости и тие работи… Јас од….в  сите тие работи, зашто не ме интересираше…“

ЛаВерита вчера првпат објави материјали за „Рекет“ меѓу кои и видео снимка, на која се Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец кои се осомничени во случајот за тргување со влијание и за перење пари, и Орце Камчев кој е сведокот во случајот. Аудио разговорот е меѓу Јовановски и Камчев, кој се однесува на случајот Империја, во кој меѓу осомничените е и Камчев,  и во кој се споменува и името на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Адвокатот Звонко Давидовиќ за НОВА вели дека објавената снимка не може да ја попречи истрагата, но испраќа сигнал до Обвинителството дека случајот што побрзо треба да биде расчистен.

За Давидовиќ многу пострашно е што излегуваат во јавноста вакви материјали.

Снимката за „Рекет“ останува доказ: Што открива нејзиното објавување

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

ВЕСТИ June 5, 2026

Нон-пејпер – нов моментум за проширувањето, придонес во пресрет на претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан (5…

Европарламентот за Република Северна Македонија: Корупцијата и политичките блокади ја кочат државата

June 4, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

June 2, 2026

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.