НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски бара брза и ефикасна истрага за „Рекет“

0
By Нова ТВ on August 13, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребна е брза и ефикасна истрага и изведување пред лицето на правдата на секој кој бил инволвиран во случајот „Рекет“, и воопшто во кој било случај, со цел да се поразат криминалците, оти нема друг избор за напредок на државата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговорајќи на новинарско прашање пред зградата на Антикорупциската комисија од која побара да ги истражи обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ за негова наводна инволвираност во инвестиција на компанија во Куманово.

„Апсолутно  мораме да имаме брза, ефикасна  истрага, изведување пред  лицето на правдата на секој еден којшто бил вмешан во кој било случај со цел криминалот и корупцијата конечно да го добие тој удар којшто и е потребен, а на тој начин да ја вратиме надежта и кај граѓаните и кај институциите, довербата во институциите заради тоа што ова е битката која што не смее да ја изгубиме. Или ќе застанеме сите чесно и одговорно заедно и ќе ја извојуваме битката против криминалот и корупцијата и ќе кажеме дека сме способни дека сите заедно успеваме, за што се боревме долги години да ги поразиме криминалците, да ги поразиме арамиите, оти друг избор немаме за напредок на државата“ вели Спасовски.

Во врска со соработка на МВР со Обвинителството во делот на истрагите, Спасовски истакна дека таа се одвива континуирано за секој еден случај во државата и оти сега е моментот во којшто битката против криминалците во државата треба да се добие.

-Секако тука државните институции имаат најголем удел, тие се најодговорни и сите заедно со Обвинителството, со судиите мораме да постигнеме резултати. Затоа треба секој еден којшто е за правдата во државата  којшто е чесен, одговорен да се издвојат и во судството и во Обвинителството. Мислам дека сега е еден добар момент сите заедно енергично да се спротивставиме  на секаков вид криминал. МВР и јас лично ќе стоиме на располагање да помагаме, односно да ги преземеме сите мерки со коишто ќе бидеме задолжени од ЈО од надлежниот суд се со цел да биде задоволена правдата, рече Спасовски.

Во Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција денеска за случајот “Рекет“ исказ дава обвинителката од СЈО Лиле Стефанова. Таа дојде во Обвинителството околу 9 часот и нејиното сведочење сеуште трае.

 

Спасовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.